Бил Гејтс: Разводот од Мелинда ми е една од најголемите грешки
„Малку сум повесел“, изјави тој во интервју за „Тајмс“. И покрај тоа, тој го опиша разводот како една од најголемите грешки во неговиот живот. „Разводот беше болен за Мелинда и за мене најмалку две години“, истакна тој.
Се чини дека по разводот сепак успеал да одржи пријателски однос со Мелинда. Тој тврди дека сѐ уште често се гледаат поради фактот што имаат три деца и две внуци, а признал и дека неговиот брак бил еден од најголемите извори на поддршка при создавањето на Мајкрософт.
Бил Гејтс и Мелинда Френч Гејтс се венчаа во 1994 година, а заедно ги имаат ќерките Џенифер (28) и Фиби (22) и синот Рори (25). Тие ја потврдија веста за нивниот развод во мај 2021 година по 27 години брак. Тие наводно биле разделени една година пред потврдата.
Во декември 2022 година, Бил го коментираше разводот на својот блог, нарекувајќи го „едно од најтешките времиња во мојот живот“.
„Во последните неколку години ги постигнав некои од најниските точки во мојот личен живот, а тоа се смртта на татко ми и разделбата од мојата сопруга“, напиша Гејтс. Мелинда еднаш рече дека разводот бил многу болно искуство.
„Имав свои причини зошто не можев повеќе да останам во тој брак. А чудната работа во врска со пандемијата беше што ми даде приватност да го правам она што треба да го правам. Беше неверојатно болно, на безброј начини, но имав приватност да ја преживеам“, изјави таа за магазинот Fortune. (Трн.мк)