„BioCosmos“: Пожарот избувна од гром, фабриката „Mirana“ не е зафатена

Тимот на фабриката „BioCosmos & Mirana“ излезе со официјално соопштение по повод синоќешниот пожар на локацијата. Оттаму велат дека пожарот во производствениот погон на „BioCosmos“ избувнал како резултат на удар од гром.
-За среќа, пожарот е во тек и под контрола но нема повредени. Дел од просториите на BioCosmos се оштетени и ќе бидат привремено надвор од употреба. Сакаме јасно да нагласиме дека фабриката Mirana, која се наоѓа во истиот комплекс, не е зафатена од пожарот и производството таму продолжува нормално, појаснуваат од тимот.
Во координација со надлежните служби се работи на проценка и санација на штетата за што побрзо враќање на „BioCosmos“ во функција.
-Ве молиме да се воздржите од шпекулации и дезинформации – сите точни и навремени информации ќе ги објавуваме преку нашите официјални канали, апелираат од „BioCosmos & Mirana“.