Биогасна електрана произведува електрична енергија од отпадот од фармите во источна Македонија

Отпадот од фармите во источна Македонија повеќе нема да ја загадува животната средина туку од него се прави струја во био гасната електрана во село Сарамзалино, општина Лозово.

Електраната која почна со работа минатата година во декември е инвестиција на компаниите „Централ инвест“ и „Феро инвест“ на бизнисменот Кочо Анѓушев.

Електраната се градеше две години, а инвестицијата е 12 милиони евра и годишно произведува 17 илјади киловат часови струја.

Станува збор за електрана од последната генерација со најмодерна инсталирана технологија која има висока ефикасност, ефективност и максимална производствена моќ.

Новинарите освен електраната ја посетија и компанијата Брако исто така во сопственост на Анѓушев, каде македонски инжињери со најсовремени машини во 4 фабрики меѓудругото се произведуваат електрични дизал и хидрогенски возила за чистење, а 95% од производството се извезува надвор од Македонија.

Back to top button
Close