БИРН: Со истечен мандат една година делеле правда

Една година биле со истечен мандат, но и покрај тоа суделе заедно со судиите, пишува БИРН и открива дека на деветмина поротници во Апелацискиот суд во Скопје, лани во април им истекол мандатот, но дури пред неколку дена тоа било констатирано во Судскиот совет.

Биле избрани во 2017 и требало да судат до април 2021 година. Сепак, некои од овие поротници суделе и во ноември и декември лани, а има пресуди и од годинава.

Во базата на Апелацискиот суд, БИРН најде десетина пресуди со имињата на поротниците со истечен мандат: ГЖ 3124/21, ПРКЖ 221/21, КЖ-212/21 …

На 29 март, или два дена пред одбележувањето на денот на македонското правосудство, Судскиот совет на седница расправал за повеќе точки. Седмата била одлука за престанок на мандатот на деветтемина судии поротници во Апелацискиот суд во Скопје.

Поротниците се избрани на 10 април 2017 година и објавени во 45-от број на „Службен весник“ со потпис на тогашниот претседател на Судскиот совет, Зоран Караџовски. Тогаш биле избрани 13 поротници, меѓу кои и спорните деветмина во второстепениот суд, кои се разрешени со „задоцнување“ од една година.

„Тоа дури сега го виделе Апелацискиот суд и Судскиот совет, а и на самите поротници очигледно не им било проблем да судат без мандат. Тоа директно ги доведува во прашање пресудите што се донесени – пишува БИРН.

Предметите во кои тие одлучувале се однесувале на трговски, кривични, прекршочни, работни спорови…

Правниците што ги консултирале од БИРН посочиле дека и најисправна да биде пресудата, во жалбена постапка пред Врховниот суд, пресудите може да паднат само врз основа на истечениот мандат на поротниците бидејќи судел „незаконски судски состав“.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

Back to top button
Close