Бисера Костадинова Стојчевска: Гордост е да се знае дека македонските јазик, култура и историја добиваат признанија и промоции насекаде низ светот

-Предложената резолуција на републиканскиот сенатор Мајк Брон за месец септември да биде прогласен за месец на македонско-американското наследство е огромна чест и признание за придонесот на македонските Американци во развојот на мултикултурното општество на САД.

Ова е резултат на пристапот на Македонците било каде во светот да учествуваат и бидат конструктивни градители на државите кои ги избрале за да го изградат својот дом.

Македонските Американци ги прифатија слободите на американското општество и се интегрирани во сферите на уметноста, науката, бизнисот, политиката, медицината, спортот и на други полиња како резултат на можностите да се биде рамноправен дел и да се учествува во остварувањето на граѓанските и верските слободи, основните човекови права за да се даде сопствениот придонес во развојот на заедницата.

Денес тоа е модел кој го избра и кон чие усовршување се стреми и нивната матична земја и татковина како општество во кое секој ја заслужува својата шанса – напиша на фејсбук министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска.

Back to top button
Close