Бислимоски: Останува ефтината тарифа

Цената на струјата за домаќинствата ќе се зголеми за 7,42 отсто и ќе чини околу 5,9 денари за еден киловат скапа тарифа и 2,9 денари за ефтина тарифа, потврди претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

-Неодамна сите енергетски компании во земјава побарале зголемување на цената на електричната енергија поради зголемените трошоци и намалената потрошувачка, како и проблемите со ликвидноста што ги предизвика пандемијата со Ковид-19, рече Бислимоски.

Според него ова поскапување ќе значи дека ако досега вашата сметка досега била 1500 денари, сега ќе чини околу 100 денари повеќе.

Back to top button
Close