Бислимоски предлага да се избегне маржата кон ЕВН и ЕСМ да им продава струја на училиштата и на компаниите

Знам дека постои одредено незадоволство, но да се покажеме солидарни и да не очекуваме грејна сезона со 24-25 степени Целзиусови во некои станови. Да потсетам дека побогати земји температурата ја намалија на 18 и 19 степени. Ние како РКЕ не се одлучивме да ги намалуваме тие гранични температури, рече Бислимовски.

Минати се времињата кога еден стан со парно се загревал со температура од 24 степени Целзиусови и повеќе, изјави претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски за Студио 10 на ТВ 24.

– Навечер ќе има парно, сигурно тоа го следат од ЕСМ и ако е температурата под 15 степени, верувам дека ЕСМ ќе ги затопли радијаторите и во ноќните часови, но треба да се штеди за да имаме доволно средства и да не се прави притисок на цената. Знам дека постои одредено незадоволство, но да се покажеме солидарни и да не очекуваме грејна сезона со 24-25 степени Целзиусови во некои станови. Да потсетам дека побогати земји температурата ја намалија на 18 и 19 степени. Ние како РКЕ не се одлучивме да ги намалуваме тие гранични температури – рече Бислимовски.

Тој вели дека во моментов цената на природниот гас, од кој се претвора топлинска енергија, е 1.500 евра за нормален метар кубен и е двојно помала од пикот од 3.000 евра за нормален метар кубен, што се покажало како добар потег на Владата да чека и да не закупува однапред гас за топлани.– Да купевме во јули и август ќе платевме 3.000 евра, сега е 1.500 долари. Калкулиравме дека греењето ќе немаше никаква логика. Ќе требаше да се платат дополнителни 180 до 200 милиони евра на грбот на потрошувачите – наведе Бислимовски.

Тој објасни зошто се изјалови надежта на Владата за набавка на електрична енергија од Бугарија по пониски цени од берзанските.

– Од тие информации што ги имам, не се договорија. Ете, Бугарите кажаа дека не можеле од Бугарија да дојде електрична енергија по цена којашто е различна од берзанската. Лично мислам дека Бугарија можеше да помогне во тој дел и да даде електрична енергија по цена којашто ја баравме – колку што читав, меѓу 150 и 200 евра за мегаватчас, а тие, неофицијално, ја нуделе за 400 евра. Е па, им благодариме многу за 400 евра. Нека си ја чуваат, не ни треба! Си ја купуваме ние за 400 евра. Ја купувавме. Бугарија во 2021 година извезе 9 милијарди киловатчасови. Нашата вкупна потрошувачка, со загуби, со сè, цела држава, ни е 7 милијарди киловатчасови. Ние им побаравме од тоа што извезле 2 проценти по една нормална цена. В ред, не сакале – не сакале. Тие си знаат што прават – изјави Бислимовски.

Тој предлага основните и средните училишта, македонските компании, јавните комунални претпријатија и прочистителните станици да добијат пониска цена на електричната енергија од пазарната и наместо да се финансира ЕВН и да му се плаќа маржа, ЕСМ директно да им ја продава на нив.

– Мојот предлог е ЕСМ преку својата компанија за продажба, директно да им продава на овие категории на потрошувачи по цена, која што ќе биде пониска од цената која што е во моментов на регулираниот пазар за малите потрошувачи. На тој начин ќе избегнеме на ЕВН Хоум да им се даваат дополнителни пари за маржа, а ќе обезбедиме ЕСМ како државна компанија, која што добила субвенции од државата, да ги намали овие субвенции – рече Бислимоски во емисијата Студио 10 на ТВ 24.

На овој начин, како што нагласи, ќе им се помогне на училиштата, компаниите и јавните комунални претпријатија со цена која е поволна за нив и прифатлива.

– Со предлогот на опозицијата, доколку се вратат сите овие на регулираниот пазар на електрична енергија во тој случај цената на електрична енергија што ЕСМ ќе ја продава на ЕВН Хоум е 48 евра за мегават час, но маржата на ЕВН Хоум ќе се зголеми за дополнителни 5 до 6 милиони евра – посочи Бислимоски.

Тоа, според него, дополнително ќе врши притисок за зголемување на цената што ја плаќаат сите потрошувачи на регулираниот пазар по 1 јануари идната година.

Back to top button
Close