Бислимоски: РКЕ прави анализи како може да им се излезе во пресрет на општините за струјата

Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ) прави анализи како може да им се излезе во пресрет на општините кога е во прашање набавката на електрична енергија.

Како што изјави денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски во „Стадион“ на Канал 77, најголем број од општините и јавните комунални претпријатија набавуваат електрична енергија на слободниот пазар.

Но, за жал, имаме детектирано дека дел од општините се останати кај крајниот снабдувач што е 50 отсто од берзата хупекс – некои поради немарност, некои поради тоа што снабдувачите им ги раскинале договорите. Малите општини или помалите јавни претпријатија се на регулираниот пазар и кај нив состојбата е стабилна, истакна Бислимоски.

Според него, РКЕ донесе одлука со која ги тргна повластените производители од регулираниот пазар и ослободи околу 230 киловатчасови кон слободниот пазар.

 

Back to top button
Close