Бислимовски: Секое домаќинство само ќе си направи пресметка за потрошената струја

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски кажа дека потрошувачката во период на важење на евтина струја нема да влезе во блок тарифите.

РКЕ објави калкулатор преку кој граѓаните можат да си проверат колку трошат и плаќаат за струја во моментов, а колку ќе плаќаат ако биде по блокови.

„ИМаше доста дилеми во јавноста, а на најголем дел ќе им излеземе во пресрет. Со овој тарифен систем не можат да се решат сите проблеми. Нафта немаме, природен гас немаме, имаме хидроенергија, од која зависиме од Господ“, кажа Бислимовски.

Регулаторна го објави калкулаторот, па секој пресметките може да ги направи ТУКА.

Back to top button
Close