Битиќи ја коментираше понудата на ВМРО-ДПМНE-понуда на руски гас без банкарска гаранција

 

Компанијата која ВМРО-ДПМНЕ ѝ ја предложило на Владата за набавка на природен гас не понудила банкарска гаранција што е спротивно на правилата, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Само вистина“ каде во дебата се соочи со Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече и дека компанијата нудела единствено руски гас.

– Таа компанија воопшто не ни понуди банкарска гаранција. Тие сакаа да направат договор во четири очи што е во спротивност со законот за јавни набавки. Тоа е својствено за ВМРО-ДПМНЕ, ние тоа нема да го прифатиме и тоа на сите нека им биде јасно – изјави Битиќи.

Претходно, Александар Николовски изјави дека понудата на компанијата била 850 евра за 1.000 метри кубни гас за цела 2023 година.

Back to top button
Close