Битиќи: Ако 90% од буџетот е наменет за тековни расходи, прашање е за 5 години каде ќе бидеме


Констатацијата е дека ова е потрошувачки буџет, затоа што 90 отсто од буџетот е наменет за тековните расходи, 10 отсто за некакви капитални инвестиции.

Ова го изјави вечерва Фатмир Битиќи, пратеник и поранешен вицепремиер за економски прашања во гостување на тв Телма.

„Ако оваа година, 2025-та, која е чиста година на владејачкото мнозинство, покажа дека има капацитет за 50 отсто спроведување на капиталните расходи, тоа значи дека овие 10 отсто ќе останат 5 отсто на крај на годината во 2026. Толку е капацитетот. И ако 90 отсто отидат во тековни расходи, затоа што таму не можеш да не ги трошиш, оти на секој први ќе дојде некој, ќе тропа и ќе рече „треба да се плати ова, сакал ти или не сакал“. Прашањето е за пет години од денеска каде ќе бидеме“ – рече Битиќи.

Back to top button
Close