Битиќи: Бројот на советници и нивните плати се нужни за функционирање на канцеларијата на премиерот

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека бројот на советници на премиерот Зоран Заев и нивните плати се неопходни за премиерската канцеларија да може да функционира.

„Сметам дека висината на плати и бројот на советници во овој момент се нужни за функционирање на канцеларијата на премиерот, како и функционирањето на канцелариите на сите други министри, вклучително и мојот кабинет. Тоа би требало да го гледаме од аспект на тоа дали е рационално или ирационално направено. Бројот поистоветува на функциите кои сите до еден ги извршуваат и секако претседателот на Владата би требало да биде адекватно информиран во кој било момент. Ние покажавме дека грижата за граѓаните е на прво место и дека ќе обезбедиме средства и во овој тежок период ние обезбедуваме средства преку рационализација на други непродуктивни места, а секако местата на советниците не можам да кажам дека се непродуктивни и непотребни во овој момент“,изјави Битиќи.

Вицепремиерот одговараше на новинарско прашање за советниците на Заев откако на веб-страницата на Владата беше објавен бројот на вработени во неговиот кабинет, меѓу кои има и 23 советници. За советниците е објавена и нето-платата што ја добиваат.

Back to top button
Close