Битиќи: Да ја покажеме љубовта за државата на дело

– Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи упати честитка по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија, во која повика да ја покажеме љубовта за државата на дело.

-Баш на овој ден мојата агенда ме носи на пат низ земјава, одличен момент за ретрофлексија на тоа што јас правам за државата. Правата и слободите ни се гарантирани со закон, но што правиме со нив е наша одговорност. За 29-тиот роденден на државата посакувам на нејзиниот јубилеен 30ти, следната година, да ја имаме надминато кризата предизвикана од КОВИД – 19, економијата да биде стабилна и предвидлива што ќе донесе зголемување на инвестициите на странските но и на домашните компании, одржлив раст и развој кој ќе носи зголемување на животниот стандард преку зголемување на минималната и просечната плата, напиша Битиќи.

Тој повика да продолжиме да ја развиваме соработката со сите чинители на општеството, за да ја зајакнеме меѓусебната доверба и да креираме решенија и политики кои се за доброто на сите нас.

-Ова се моите и заложбите на оваа Влада. Да работиме и да сработиме. Отчетно, посветено, одговорно и заедно, само така ќе одиме сите напред. Да ја покажеме љубовта #за државата на дело. Нека е честит и вековит 8ми септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија, напиша на ФБ, вцепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Back to top button
Close