Битиќи: Да имавме закон за воено профитерство, лесно ќе реагиравме

Како што претходно при обидот да се направи профит со криење на прехранбените производи беа посочени сите компании што тоа го направија и сега ќе направиме слично со оние што се обидуваат да направат вештачки недостиг на пелети и огревно дрво за зголемување на нивните цени, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– Денеска на Влада по допрен глас ќе дадеме задолжение на Инспекторатот да излезе на терен за да потврди дека ваквите укажувања се вистинити. Укажувањето е дека трговците не дека немаат количини на пелети на огревни дрва, но тоа го прават вештачки, како што некој претходно се обиде пред одреден временски период тоа да го направи со прехранбените продукти за да има зголемување на нивните цени. Да имавме закон за воено профитерство лесно ќе реагиравме, рече Битиќи во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Back to top button
Close