Битиќи: До 2028 секој пензионер ќе добива 100 евра регрес пред Нова година, минималната пензија ќе биде 20.000, а просечната 30.000 денари
Секоја година, според закон има усогласување и зголемување на пензиите. Минималната пензија до 2028 година ќе биде 20 илјади денари, а просечната ќе биде 30 илјади и секоја година ќе добиваат 100 евра, секој пензионер, како К-15 или регрес. Ова го темелиме на тоа што сме го виделе за системот да не пропадне, рече вицепремиерот за европски прашања Фатмир Битиќи за 24инфо.мк.
Тој додаде дека сите покачувања се прават без да се креира дефицит на пензискиот фонд, за разлика од ситуациајта до 2016 година.
– Забораваме, но во 2016 година кога дојдовме, не зборувавме ние, самите зборуваа дека пензискиот фонд е пред крах. Тоа не го направиме ние, нивното владеење 12 години го направи тоа – рече Битиќи.