Битиќи до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Кажете како ќе ја направите Македонија повторно горда


Видовме каде во минатото за време на вашето 12 годишно владеење каде стигнавте. Ако продолжиме вака да дебатираме без конкретни планови ќе немаме со кого и за кого да дебатираме и да ја направиме државава подобро место за живеење за сите граѓани. Ова го изјави пратеникот од редовите на СДСМ Фатмир Битиќи предмалку во македонското Собрание во неговиот говор кога мнозинството на пратениците ја дебатираат програмата на ВМРО-ДПМНЕ за новата Влада.

На ова веднаш му реплицираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со обвинување дека тој додека бил вицепремиер за европски политики тој ништо не сторил, напротив направил се граѓаните по масовно да се ислеат од државата.

– Овие луѓе тука ќе донесат вистински реформи. Ова се луѓе кои не се како вас туку, луѓе кои ќе ги донесат промените за кои вие неможевте да ги донесете сите овие години додека бевте на власт – реплицираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Битиќи на неколку пати во своите реплики побара од пратениците кои го имаат мнозинството во Собранието да кажат како ВМРО-ДПМНЕ ќе им објасни на граѓаните како тие ќе ја вратат 1 милијарда евра позајмени пари од Унгарија кои Мицкоски ги најави дека ќе ја подобри економијата во земјава.

Back to top button
Close