Битиќи: Донесена е одлука за намалување на царинските давачки за тестенини и производи од доматно пире

Се разговара и се прават последните анализи за одредени производи кои се во сегментот на млеко и млечните производи. И наскоро, мислам дека веќе наредните денови, ако не следната недела, ќе имаме нова листа на продукти кои секако ќе бидат обзнаени со нови мерки, рече вицепремиерот Битиќи.

Донесена е одлука за намалување на одредени царински давачки за тестенини и производи од доматно пире, што би требало да придонесе да се намалат цените на овие производи, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„За нас интересот на граѓаните е пред сè. Веќе е донесена одлуката за намалување на одредени царински давачки за тестенини и производи од доматно пире итн., што би требало да придонесе да се намалат цените на овие производи. Се разговара и се прават последните анализи за одредени производи кои се во сегментот на млеко и млечните производи. И наскоро, мислам дека веќе наредните денови, ако не следната недела, ќе имаме нова листа на продукти кои секако ќе бидат обзнаени со нови мерки“,

рече Битиќи во одговор на новинарско прашање на паузата на конференцијата „Преку дигитализација кон нова генерација на регионална соработка“ што денеска се одржува во Скопје.

Не можеме, додаде тој, да дефинираме што е најповолна цена за граѓаните, но мерките кои ги носиме, а тоа се субвенционирана цена на електрична енергија за прехранбениот сектор, имаше одреден ефект, меѓутоа не краен ефект и моравме да посегнеме по замрзнување на цените.

„Ние не сакаме да нанесеме штета кај стопанствениците, но сите заедно треба да впрегнеме сили и да ги намалиме цените за граѓанинот да биде најмалку оштетен во овој кризен период. Идејата на давањето на субвенција не ни беше да овозможиме на компаниите да го зголемат профитот и тоа нема да биде дозволено. Замрзнувањето на цените не значи дека компаниите не генерираат профит, но нивниот профит е помал и тоа треба да им е јасно на сите. Дури и во замрзнатата цена на лебот од 33 денари има маржа на добивка која е профит за компаниите, но не е онаков каков што тие очекувале“истакна Битиќи.

Тој посочи дека во случајот со лебот имаше општествено одговорни компании кои сами понудија пониска цена од замрзнатата.

„Тоа е начинот како треба да се однесуваме. Во кризен период сите губат нешто, но и сите добиваат, а добиваат тоа што граѓаните ќе бидат задоволни и помалку ќе ја осетат кризата. Тоа е клучната порака“порача Битиќи.

Владата пред десетина дена одлучи да ја замрзне цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари до крајот на мај, а најави дека до крајот на неделава ќе бидат готови и анализите за замрзнување на цените и на млечните производи и маслото за јадење кое ќе се продава под 100 денари за литар.

Со каква математика Владата ја замрзна цената на лебот.

Back to top button
Close