Битиќи на „Економист” во Приштина: Клучот за одржлив развој е преку градењето доверба, прво на нашите граѓани во владата и бизнисот, а потоа и градењето доверба меѓу нашите земји

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се обрати на панел дискусија во рамките на конференцијата на „Економист” во Приштина – „Самит на земјите од Западен Балкан 2022, Градење мостови за мир, напредок и солидарност”.

Во продолжение ви го праќаме интегралното обраќање.

„Денешната мешана публика, владини и бизнис претставници, и тоа е совршено за покренување на двете прашања што ги имам, кои се дел реторички и за кои ќе се обидам да дадам одговори во моето денешно обраќање.

Првото е – Посочете ми индустрија за која може да почнеме да зборуваме за развој, без недостатокот на работна сила да биде покренат како прашање во дискусијата?

И второто – како можеме да го одржиме растот и одржливоста во малите и кревки економии на Западен Балкан.

Така, додека размислував за под-темата на овој панел – Инвестирање за инклузивен и одржлив раст, мојот ум се расплина на толку многу можности и прилики, но ништо од ова не беше возможно без луѓе. Луѓето кои го делат истото убедување и оптимизам за надминување на оваа криза со инклузивност и праведност.

Со цел да се осврнеме на темата на овој панел – Како треба да се развиваме кон одржлив раст – тоа мора да биде кон враќање на довербата дека – Напорната работа се исплати, одговорноста се наградува и секој би можел да успее доколку се обиде – без разлика кој сте, без разлика од каде доаѓате, без разлика како сте почнале. И мора да биде веднаш! Згора на тоа, нам на Балканот ни е во нашата ДНК да работиме напорно и да придонесуваме не само за себе и нашето семејство, туку и за целото човештво преку личности како Мајка Тереза, Никола Тесла, Ферид Мурати итн.

Побрзите чекори кон достигнување на фазата на водење бизнис заснована на фер-плеј, фер досег/удар и правичен удел ќе бараат од сите нас да видиме дека имаме удел во успехот на секој од нас. А тоа ќе бара сите ние да преземеме одговорност, и тоа ќе ни обезбеди одржливост.

За ова ни се потребни заедничките сили на моќната тројна спирала – Влада, бизнис и народ/граѓани.

Двете наши земји се слични на многу начини, и сега верувам дека треба да се бориме за нашиот народ и да ја отвориме дебатата за тоа што бизнисите и владата прават за нив, а не само како политичка реторика. Дебатата меѓу трите страни треба да биде – на најдобар начин да се врати довербата, да се врати растот, да се врати просперитетот и правичноста. Во крајна линија, тоа ќе не поттурне сите нас напред и нагоре… да се врати солидарноста.

А овие три години не потсетија на солидарноста, на потешкиот начин.

Така, ние како социјалдемократски влади треба да ја вратиме средната класа. Треба да ја вратиме вербата во вредноста и интегритетот на работниците. Ова е дефинирачко прашање на нашето време. Ова е одлучувачки модел за средната класа и силата во развој за нашиот одржлив раст.

Двете наши социјалдемократски влади треба да се заложат во тоа.

Клучот за развој на средната класа и во исто време на пазарот на трудот е премостување на јазот помеѓу старите и новите квалификации, за кои пазарот на труд е гладен.

Двете наши земји излегуваат од систем кој не поддржуваше преквалификација или брзи промени, како што имаме сега. Значи, треба да работиме заедно, владата и бизнисот во градењето на луѓето.

Треба да им дадеме шанса на луѓето да стекнат нови вештини и обука за да можат да научат да прават батерии со голема моќност, мехатроника… Треба да инвестираме време и пари во развојот на нивниот потенцијал, давајќи им ресурси, време и можност за тоа.

Ова не може да го направат само владите. Ова мора да биде заеднички напор, затоа што е од заеднички интерес… и ако ме прашувате мене. и од заедничка важност и вредност.

Работната сила е крвотокот на економијата и не можете да растете ако ја намалите движечката сила – а тоа се вештините и искуството што ги дава работната сила. Да ги градиме.

И втората тема што ја покренав на почетокот беше за тоа како можеме да го одржиме растот и одржливоста во малите и кревки економии на Западен Балкан.

Сметам дека, пред сè, ни треба промена во стратегијата на играта што ја играме, промена на зависностите на секој од нас од различни ресурси кон создавање силни врски на меѓусебна поврзаност и меѓу зависност. Овој нов пристап ќе создаде поголем раст, повеќе иновации и стабилен регион.

Затоа, ова ќе не донесе до друг стадиум на економски развој бидејќи нема да се натпреваруваме меѓу себе во секоја индустрија или сектор, туку напротив, ќе не поттикне да работиме заедно и да бидеме поконкурентни како регион.

Базиран на глобалните промени во новата економска ера, најбрзиот начин на кој можеме заеднички да работиме и да донесеме вредност за нашите земји е преку создавање заедничка платформа за привлекување СДИ со слични пакети на поддршка и носење на целиот синџир на вредност од далечниот исток во нашиот регион. И наместо да се натпреваруваме меѓу себе – кој од нас ќе го добие инвеститорот, ајде да го промениме нашиот пристап, да бараме вредносен синџир како целина да биде донесен овде, а не само една компанија која ќе вработи 1.000 работници.

Дами и господа, клучот за одржливост и раст на нашите економии е преку градењето доверба, прво на нашите граѓани во владата и бизнисот, а потоа и градењето доверба меѓу нашите земји. Одиме нагоре или одиме надолу. Но, одиме заедно.

Од таа причина, заедно треба да работиме за економија во која можат и треба да победат и бизнисите и работниците!

Back to top button
Close