Битиќи на работен состанок со МАТТО: Мерките од четвртиот сет се креираат во координација со сите засегнати страни

– Економската соработката со Република Турција е на високо ниво, а како резултат на оваа соработка, компаниите од Турција се помеѓу најбројните странски инвеститори во Северна Македонија и најголемиот дел на компании со турски капитал работат со успех во нашата земја, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на средбата со Македонско-турската стопанска комора МАТТО, на која присуствуваше и претседателот на МАТТО, Ајдован Адемовски.

На средбата што вчеравечер се одржа во рамките на серијата на средби со стопанските комори, граѓански организации и странски партнери, а во насока на креирање квалитетни мерки кои ќе одговорат на потребите на бизнис секторот, работниците и граѓаните, информираат од кабинетот на Битиќи, вицепремиерот посочи дека надминувањето на социо-економската криза е врвен приоритет на почетокот на мандатот на Владата и во таа насока се подготвува четврт сет на мерки за поддршка на стопанството, работниците и граѓаните.

Тој додаде дека Владата покажа отвореност и желба за соработка со сите чинители, во насока на креирање на што е можно поефикасни и поефективни мерки, за враќањето на економијата во нормала. Во таа насока и мерките од четвртиот сет се креираат во координација со сите засегнати страни.

Претседателот на МАТТО, Адемовски изрази поддршка и отвореност за соработка. На средбата двете страни разговараат за предизвиците и можните решенија за излез од кризата како и можностите за понатамошен развој на стопанството, за зголемување на конкурентноста и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Back to top button
Close