Битиќи: Пензиите ќе продолжат да растат и во септември  

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во Канал77, кажа дека не се создава дисторзија со растот на минималната плата и дека наскоро преку Законот за плати праведно ќе се исплаќаат вработените во јавниот сектор.

-Со минималната плата не е засегнат само јавниот сектор, туку сите работници во земјава, ои се околу 700 илјади граѓани. Со растот на минималната плата им помагаме на нашите сограѓани – работниците. Ќе продолжам да поддржувам раст на минималната плата и нема работникот од тука да биде продаван како евтина работна сила, девет илјади денари беше до пред некоја година минималната плата, а сега ќе биде повисока од 20 илјади, рече Битиќи.

Тој повтори дека граѓаните заслужуваат повисоки плати, а Законот за плати на кој во моментов се работи конечно ќе доведе до ред во начинот на вреднување на работникот во јавниот сектор.

-Покрај минималната плата, растат и пензиите. Пензиите ќе пораснат со 8,4% во март, а пензиите ќе продолжат да растат и во септември и наредниот март…. Нема да се креваат пензиите само со 500 денари и тоа пред избори како што се правеше во минатото, истакна Битиќи.

Back to top button
Close