Битиќи: Славески е доста конзервативен, не сум сигурен дека ќе гледаме нешто револуционерно
-Сметам дека Народна банка не заслужуваше да добие теснополитички и партиски кадар. Сметам дека тој момент за улогата на Централната банка може да биде штетен затоа што мораш да внимаваш на монетарната политика.
Знаејќи го професорот Славески знам дека е доста конзервативен и ќе продолжи со истата политика на Банката во последните 20 години, но не сум сигурен дека ќе гледаме нешто револуционерно во сегментот на монетарната политика додека професорот е таму, кажа пратеникот на СДСМ и екс-вицепремиерФатмир Битиќи во емисијата „Само интервју“.
Најверојатно следната односно првата наредна седница на почетокот на јуни ќе се најде пред народните избраници изборот на новиот гувернер Трајко Славески чие име вчера и официјално беше обелоденето од страна на претседателката на државата.
Премиерот Мицковски пак го поздрави изборот на Сиљановска и рече дека го поддржува Славески. Во меѓувреме пак денеска се разгоре реториката околу изборот на новиот гувернер откако остро на тоа се спротистави опозициската СДСМ кои посочија дека нема да го гласаат изборот на Славески за нов гувернер бидејќи според нив станува збор за тесно партиски избор.