Битиќи: СОНК да го прекине штрајкот и да се врати на преговори

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска од Охрид го повика СОНК да го прекине штрајкот и да се врати на преговарачка маса, бидејќи децата ја плаќаат највисоката цена.

Одговарајќи на новинарско прашање до каде се преговорите со СОНК, тој нагласи дека ништо не е променето со почетокот на штрајкот.

– Преговорите со СОНК се таму каде што беа пред да започне штрајкот. Еве денеска ќе ги повикам. СОНК ја прати пораката. За жал, децата се тие коишто ја плаќаат највисоката цена. Сметам дека СОНК би требало да го прекине штрајкот и да се врати на преговарачка маса со сите други чинители и социјални партнери, изјави Битиќи по посетата на компанијата „Костел“ во Охрид.

Владата, посочи, има тело, Економско-социјален совет, преку кој може да разговараат и за барањето на СОНК, т.е. барањата во образованието, но и во други сектори.

– Решенија се наоѓаат на маса, но без никаков ултиматум и без никакви крајни моменти како што видовме дека СОНК сакаше да го направи, додаде Битиќи.

Членовите на СОНК во училиштата и детските градинки трет ден се во штрајк, поради барањето за зголемување на платите.

Back to top button
Close