Битиќи: Свесни сме за грешките, но нашата понуда е поатрактивна од таа на опозицијата

Реалноста е дека тоа што сме го направиле досега е многу повеќе од било која друга опција досега. И убавото е тоа што дека тие што се обидуваат на политичкиот мегдан немаат понуда. И затоа нашата понуда останува се уште атрактивна, рече потпретседателот на СДСМ и потпретседател на Владата, Фатмир Битиќи на поткастот„Политиканти“ на Слободен Печат ТВ.

-27% од луѓето не се изјаснуваат, а 23% дека нема да излезат да гласаат. Тоа е огромен процент на луѓе, за кои сметам дека имаат голема моќ да сменат одредени работи во државата. Таму има гласачи кои си ја сакаат државата исто како што јас си ја сакам, но кои што се разочарани од начинот на кој одредени работи ги имаме направено, но на крај сметам дека ќе се одлучат да ни дадат шанса затоа што на другата страна нема понуда, тоа е разликата. Свесен сум дека не е се идеално дека има грешки, но како велат човек кој работи-греши, рече Битиќи.

Тој се осврна на нужноста од промената на уставното име и тешкотијата да се проголта тоа, но и благодарноста од страна на нашите деца после десетина години.

Back to top button
Close