Битиќи за Глас на Америка: Опфатот на казнивоста е поголем со новите измени во Кривичниот законик
– Тоа што е утведено со последните измени во Кривичниот законик, не значи дека нема да има казнивост. Казнивоста е таму. Сметам дека опфатот на казнивоста е многу поголем отколку што бил претходно, но вообичаено кај нас никој не сака да ја чита целата содржина на измените и на целокупната суштина на измените – изјави во интервјуто за Глас на Америка вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Како пример што го посочува Битиќи е делот што воопшто го немало претходно во законот, а тоа е сегментот на офатот на конфискација на имот.
-Сметам дека тоа нужен процес во кој што мораме да покажеме дека казнивоста не може да се однесува само еден, пет или десет луѓе од нај високите функции, туку казнивоста мора да се распространи кај сите кои имаат лична одговорност за тоа што го имаат направено. Во нашата земја еднаш засекогаш колективната одговорност мораме ја замениме со лична одговорност затоа што сметам дека доволно беше 33 години сите да се кријат позади колективната одговорност и никој да не одговара лично за тоа што го има направено – појаснува Битиќи во интервјуто.
Според него, компромис со луѓе кои се одговорни за сотојбите во нашата земја не треба да се прави без оглед која е цената.