Битиќи за Зеќири: Ако згрешил, ќе одговара

Јас верувам во владеење на правото и тоа не може да биде половично, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, во врска со притворот за генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, кој е под истрага од Обвинителството за склучен договор со консултантска фирма, на која и се исплатени повеќе пари од предвидениот договор.

– Тоа се промените во демократските процеси што ни се случуваат и веројатно ќе треба долго време да сфатиме дека ова така треба да биде независно без разлика кој каде седи. Ако згрешил, ќе одговара. Чувството не е добро, затоа што се оддава впечаток дека се негира се што е направено добро до сега, рече Битиќи во „Утрински брифинг“.

Генералниот секратар на владата, Мухамед Зеќири кој поднесе оставка откако за него беше отворена истрага од петокот вечерта е во притвор.

Притвор им е одреден и на другите двајца хрватски државјани кои се недостапни за полицијата.

Обвинителството информираше дека е отворена истрага против генералниот секретар на Владата, Зеќири и двајца хрватски државјани, за наводна проневера на 145.000 евра.

Поточно истрагата е отворена поради сомнеж за незаконски договор за консултантски услуги.

Back to top button
Close