Битката околу дивоградбите се префрла во градскиот Совет: Денеска две вонредни седници, една побара СДСМ, друга ВМРО-ДПМНЕ

На првата седница се бара информација за ситуацијата со дивоградбите во општина Чаир и во останатите општини на град Скопје и информација за преземените активности на Град Скопје во врска со дивоградбите, а втората седница е на барање на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, на која се побаруваат исти вакви информации, но за општина Сарај.

„Битката“ која во изминатите десетина дена се води помеѓу, од една страна градоначалничката Данела Арсовска, која јавно обелодени и обвини за криминали и незаконска легализација на дивоградби во општина Чаир, и од друга страна, градоначалникот Висар Ганиу, министерот Изет Меџити и премиерот Христијан Мицкоски, денеска очигледно ќе продолжи и во Советот на Град Скопје.

Советниците денеска ќе одржат едноподруго две вонредни седници, едната на барање на советниците од СДСМ, а другата на барање од ВМРО-ДПМНЕ.

На првата, која започнува во 14 часот, има две точки на дневниот ред – информација за ситуацијата со дивоградбите во општина Чаир и во останатите општини на град Скопје и информација за преземените активности на Град Скопје во врска со евидентираните дивоградби во општина Чаир и во останатите општини на град Скопје

Втората седница е закажана  половина час подоцна на барање на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, на која се побаруваат исти вакви информации, но за општина Сарај.

Повеќе тука

Back to top button
Close