Битолчанец дома чувал арсенал оружје – уапсен е

МВР информира дека вчера попладне во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Р.Д. (67) од Битола.
При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени три пушки и три пиштоли.
По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.






