Битолчанец со нож и пиштол ограбил две аптеки и обложувалница

Битолчанец со закани со нож и пиштол ограбил две аптеки и една обложувалница. Криминалистичката полиција при СВР Битола вчера го уапсила четириесет и тригпдишниот крадец, а судија на претходна постапка му одредил триесетдневен притвор.

Две од кражбите извршил лани, а една годинава.

-На 11.04.2022 околу 08.00 часот, пријавениот со цел да се стекне со противправна имотна корист, во аптека на ул.„Солунска“ во Битола, со закана со пиштол кон вработената, од магацинскиот простор одзел пари.

 

На 16.05.2022 во 08.40 часот, пријавениот во обложувалница во комплекс Безистен во Битола, со закана со нож од вработената одзел пари.

На 18.04.2023 во 06.55 часот, Н.Д. од аптека на ул.„Димитар Илиевски Мурато“, со закана со нож кон вработената, од магацински простор на аптеката, одзел пликови со сметки.

Н.Д. е приведен и против него до ОЈО Битола е поднесена пријава, поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, соопшти МВР.

Back to top button
Close