Битолчанка тешко повредена откако со возило излетала од патот

МВР информира дека рано утринава во 05.50 часот било пријавено дека во Битола на крстосницата од ул. „Климент Охридски“ и ул. „Солунска“ патничко моторно возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки управувано од А.М.(24) од Битола излетало од коловозот.

Во несреќата А.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола

Back to top button
Close