Битолска апелација одлучува дали ќе додели дете на осуден насилник син од богата и моќна фамилија

Битолска апелација деновиве одлучува дали ќе додели дете на осуден насилник од моќна македонска фамилија, пишува Експрес.

Битолскиот апелационен суд по втор пат ќе одлучува дали ќе додели дете на осуден семеен насилник

-Откако Основниот суд во Охрид во многу контроверзно судење четиригодишно дете по втор пат го доделил на таткото кој е осуден семеен насилник, сега судиите во битолска апелација ќе носат одлука која може да биде досега не е видена одлука ниту во Македонија ниту пошироко.Независни правници кои не се поврзани со постапката, но кои предметот го анализираат од аспект на човекови односно правата на децата велат дека ако битолска Апелација подлегне на притисокот од моќната и богата фамилија на таткото ќе направи историска неправда затоа што досега не се случило татко да добие старателство врз дете во околности како во овој предмет – пишува порталот.

Според познавачи на семејното право ако судиите во Битолската апелација подлегнат на притисокот или на евентуални непристојни понуди ова ќе биде прв случај дете да биде доделено на татко кој е осуден семеен насилник и во чија полза е дадено мислење од ненадлежен центар за социјални работи.

,,Имињата на судиите кои би доделиле дете на татко осуден насилник ќе влезат во историјата на светското семејно право, но и како на луѓе кои ги прекршиле основните законски и хумани претпоставки”, вели адвокатка која не е дел од овој процес но која е запознаена со страшните детали од случајот.

Во судската постапка во Охрид пред предметот да дојде во битолскиот апелационен суд, судот донесол одлука врз основа на сведоштва на пријатели на фамилијата на таткото, со сведочење на вешто лице инаку позната македонска докторка која не поседува соодветна лиценца за да изготвува вешт наод и мислење во постапка за доверување на малолетно дете и за кое таканаречено вештачење може да се соочи со казна затвор.

Повеќе

Back to top button
Close