Битолскиот театар: Откажана претставата „Жиголо“ по интервенција на МВР заради безбедност на гостинот Албин Курти

Наместо вечер на смеење и аплаузи, НУ Народен театар Битола синоќа доби уште една лекција за тоа како безбедносниот систем знае да го прегази културниот живот. Претставата „Жиголо“, закажана на Новата сцена, беше откажана буквално во последен момент, иако актерската екипа беше подготвена, а пред службениот влез на театарот, како што соопшти институцијата, се собра „огромен број гледачи желни за театар“.
Во објавата на официјалниот фејсбук-профил, театарот вели дека „системот го ‘киднапираше’ театарот“ – формулација што добро го сумира чувството на институција оставена без простор за маневар. Причината за одложувањето е одлуката на Министерството за внатрешни работи: два часа пред почетокот на претставата, МВР го известува театарот дека настанот што паралелно се одржува во салата на НУ Центар за култура Битола е класифициран како „од висок безбедносен ризик“ и ги пломбира вратите на влезот на Новата сцена. Со тоа фактички се спречува одржувањето на претставата. Театарската претстава била закажана во исто време со настанот – Централна манифестација по повод 117 годишнината од Битолскиот конгрес, чиј домаќин беше заменик претседателот на Владата Арбен Фетаи а на настанот присуствувал и косовскиот премиер Албин Курти.
Целиот текст на рацин.мк






