Бизарни предмети пронајдени во домот на Асанов, обвинет за убиство на жена во Штип

Нови детали од истрагата за убиството на жената од Штип излегоа во јавноста. Обвинетиот за убиство, 74-годишниот Денис Асанов од Штип спиел со облечена женска кукла со човечки димензии во кревет, пренесе ТВ Стар повикувајќи се на свои извори.

.Имено, кога полицијата влегла во неговиот дом, барајќи докази за убиството, во креветот наишла на облечена женска кукла во човечка димензија

Денис Асанов (74) е обвинет дека ја киднапирал Борјанка Николова (79)  со која бил во лични блиски односи, ја држел затворена во неговиот дом, а потоа со остар предмет ја усмртил и ја закопал во дворот од неговата куќа

На 24 октомври 2025 во СВР Штип, Д. О. (84) од Штип пријавила дека од домот се оддалечила нејзината сестра Борјанка Николова. По преземени мерки, а поради сомнение дека противправно ја држел во неговиот дом, на 10 ноември 2025 со судска наредба бил извршен претрес во домот и биле пронајдени повеќе предмети и траги од крв.

По извршениот увид, СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) поднеле кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела Противправно лишување од слобода и Убиство по член 123

Back to top button
Close