Бизнисмен од Гевгелија ќе ,,чита книги” во библиотеката на Груевски на Бихачка
Пред два месеци, Агенцијата за управување со одземен имот, продаде два од петте стана кои беа конфискувани од екс премиерот Никола Груевски, во случајот ,,Плацеви на Водно”
,,Фокус” тогаш доби одговор од Агенцијата по која цена се продадени становите на Бихачка, но не добивме одговор на прашањето кои се новите сопственици. Сепак, во Катастар веќе е направена промена во сопственоста на еден од становите, а вториот се уште се води на име на државата.
Па така, според податоците од Катастар, жител на Гевгелија, го купил помалиот стан на Бихачка, а кој Груевски го користеше како библиотека и работна соба. За потсетување, екс премиерот живееше во дуплекс, а ги користеше и соседните два стана на истиот спрат, од кој едниот како библиотека и работна соба.
Новиот сопственик, според податоците во Централниот регистер, е локален бизнисмен во Гевгелија.
Станот, кој го купил бизнисменот Д.С. од Гевгелија е со површина од 38 метри квадратни, а за него платил 90.000 евра. Недвижноста се продаваше по почетна цена од 44.000 евра, а наддавањето заврши за двојно поголема сума.
…
Повеќe