Бизнисмените Димитров и Главчев се жалат на Уставен дека се дискриминирани бидејќи се успешни и богати
Бизнисмените Ратко Димитров, Томе Главчев и Зоранчо Митревски, обвинети во случајот „Поштенска банка“ на СЈО, поднеле барање до Уставениот суд со кое го оспоруваат обвинението за случајот и решението на Кривичниот суд со кое обвинителниот акт доби позитивна оценка, по што стартуваше судскиот процес.
Според бизнисмените, случајот „Поштенска банка“ бил отворен од тогашното специјално обвинителство заради вршење на притисок на успешни бизнисмени. Но, како што појаснуваат, тие не биле заштитени ниту од Кривичниот суд, бидејќи и од таму одобриле да се поведе кривична постапка и тоа само затоа што биле успешни и богати. За нив и оваа дикриминација е подеднаква како дискриминацијата заради пол, политичка, верска или национална припадност.
Во поднесеното барање, е наведено и дека бизнисменот Главчев бил дискриминиран по основ на социјален статус. Се појаснува дека истрагата му била отворена од специјалната обвинителка Катица Јанева со која иако бил во многу лоши односи, не била изземена. Откако пак била притворена, истрагата ја продолжил обвинителот Бурим Рустеми, кој го нарекуваат близок соработник на Јанева. Се наведува дека и Главчев и Митровски биле сведоци во случајот „Рекет“.
Од Уставниот суд информираат дека бизнисмените барањето го поднеле преку адвокат Петро Јанура од Скопје
…