Бизнисменот Сенад Рамовиќ се откажа од трката за градоначалник на општина Долнени, поддршката ја даде на Мирсад Колашинац
-Почитувани пријатели,другари и другарки. Сите вие кој добро ме познавате знаете дека јас по природа не сум личност која се повлекува во било кој сегмент, не ги оставам недовршени работите и одам до крај и тогаш кога работата изгледа дека е невозможна и нема назад, меѓутоа со годините доаѓа и мудроста каде се повеќе треба да се користи и да се носат мудри одлуки и потези па по мене таков е и овој.
Донесов одлука да се повлечам од трката за кандидат за градоначалник на О. Долнени. Одлуката е донесена со чиста намера без ниеден притисок, во мене била и ќе остане она социјалдемократска матрица во која е испишана целата идеологија на левичарското делување во склоп на СДСМ Мојата подршка едногласно му ја давам на преседстелот на О.О Мирсад Колашинац и мислам дека тој е единствениот кој може СДСМ Долени во овој момент да го врати на победоносните патеки, се друго ќе биде излишно и едно големо задоволство на одредени партиски ЛОКАЛ НЕмоќници кој уште пред време имат план како да се испазарат за свој личен бенифит, најдобар пример се последните локални избори 2021 кога истите тие кој денес прават пазар на илјадници социјалдемократи од Долени иако беа рамо до рамо со тогашниот кандидат Аднан Џаферовски работеа против,и овој пат истиот наратив и истиот пазар ама за ова во друга прилика.
Воедно сакам да му се заблагодарам на претседателот Венко Филипче, на сите органи на партијата која ми овозможи да влезам во оваа трка.Слободарскиот дух, Социјалдемокрстскиот дух е врежан во сите нас Ветувам и знам и со сите мои ресурси јавно ќе се ставам на кандидатот Мирсад Колашинац ова е моја конечна одлука. Да ни е жива СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија да ни е жива Македонија – напиша тој.