Благодарница од Општина Куманово за евроамбасадорот Жбогар

–  Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска ја посети општина Куманово и оствари средба со градоначалникот Максим Димитриевски и претседателот на советот на општината. На средбата Димитриевски му врачи благодарница на Жбогар, кој инаку е и почесен граѓанин на Куманово.

Евроамбасадорот Жбогар се заблагодари на локалната власт и на граѓаните на Куманово. Тој рече дека статусот на почесен граѓанин го сфаќа како посветеност, заложба на граѓаните на општина Куманово на европската иднина на земјата и како поддршка на ЕУ од градот Куманово, за претходните реализирани проекти и за оние кои се во процес на реализација.

– Статусот на почесен граѓанин на општина Куманово го сфатив и како рефлексија на тоа што претставува Куманово, а тоа е дека Куманово ги живее вредностите на ЕУ, вредностите на соживот, рече Жбогар.

Проектите кои се реализирани во општината, додаде евроамбасадорот, се реализирани на почитување на добрите меѓуетнички односи, на солидарноста помеѓу различните етнички заедници, секогаш подготвени за меѓусебна помош, а тоа нагласи се основните вредности на ЕУ, а граѓаните ги споделуваат како вредности на ЕУ.

Тој рече дека му претставувало чест што ја претставува ЕУ во земјава и градот и за проектите кои се реализирани.

– Посебно сум горд, на поддршката којашто ЕУ ја има обезбедено на вашата земја, посебно за справување на кризата предизвикана од Ковид19, која што се појави во пролетта. Јас сум горд што ЕУ во овој момент се покажа како вистински пријател да помагне на друг пријател кога има потреба. И ЕУ во тој контекст, обезбеди значителна поддршка посебно за здравствениот сектор и се разбира дека во овој период следува и поддршка за справување со економските последици, предизвикани од Ковид 19, од оваа криза. Јас посебно се чуствувам добро заради таа помош којашто ЕУ, ја има дадено на вашата земја, уште еднаш ЕУ докажа дека е пријател и партнер на вашата земја, партнер на вашите граѓани, затоа што ние ја гледаме вашата земја како идна земја членка на ЕУ и се разбира вашите граѓани како идни граѓани на ЕУ,рече Жбогар.

После четири години од неговиот мандат што завршува, како што рече, остава поинаква земја каде се чуствува оптимизам.

-Можам да завршам со тоа дека после четири години, ми привршува мандатот во вашата земја и навистина многу сум среќен и да видам дека навистина огромна разлика се има случено во последните четири години. Ми претставува чест да кажам и радосен сум што гледам, има една разлика од таа земја во која што пристигнав и земјата која што ја оставам сега зад себе, гледам разлика, промене во атмосферата којашто преовладува меѓу граѓаните на вашата земја, се разбира и во самото општество во вашата земја, исто така соработката со ЕУ е многу подобрена, сега гледам земја која што веќе е земја членка на НАТО, и се разбира оптимизам којшто се зголемува се повеќе на патот кон ЕУ. Навистина сум многу среќен што сега заминувам во еден момент во кој што иднината на вашата земја е многу посигурна, затоа што патот, трасата кон ЕУ, веќе е поставена, така што мислам дека ви претстои добра иднина, рече Жбогар.

Димитриевски информира дека на средбата разговарале за претходните и тековните проекти кои се реализираат во општината со поддршка на ЕУ, изградбата на подземна инфраструктура која се реализираше со поддршка на ЕУ, поголем број  проекти преку Еразмус +, наменети за училиштата.

– И последниот проект за отворање на фабрика за преработка на отпад, лоцирана во Свети Николе, каде Куманово учествува во тој регионален проект и врз база на тоа веќе добивме одредена помош, нови камиони.рече Димитриевски. Во следниот период, најави кумановскиот градоначалник, од средствата добиени како грант од ЕУ, ќе се вложува во изградба на претоварна станица на постоечката депонија во Пчиња која долгорочно ќе биде затворена во наредниот. Тој се заблагодари на ЕУ, на претходните и на сегашниот амбасадор и укаи добредојде на следниот амбасадор.

Димитриевски рече дека во овој период државата тргнала напред, потсетувајќи на членството на државата во НАТО, и се заблагодари на поддршката на ЕУ за европскиот пат на земјата.

Back to top button
Close