Благодарница за 99-годишниот Ристо Димовски, единствениот жив партизан во Кочанско

Единствениот жив партизан, кој учествувал во борбите за ослободување на Кочани од фашистичјкиот окупатор, 99-годишниот Ристо Димовски дочека уште едно празнување на Денот на ослободувањето.

Чествувајќи ја 76-годишнината од ослободувањето на градот, Општина Кочани му врачи посебна благодарница и му оддаде посебна почит за неговиот придонес во Народноослободителната војна.

Димовски е роден 1921 година, во селото Могилец, Демирхисарско, а во Кочани живее и работи од 1947 година. Во Народноослободителната војска се вклучил во почетокот на 1944 година. Учествувал во ослободувањето на повеќе населени места во државава. За своето учество во НОБ и неговиот придонес за развојот на државата бил одликуван со Орден заслуги за народот со сребрен венец, Златна плакета и орден за храброст како и Орден на трудот со златен венец.

Предлогот за Ристо Димовски да го добие општинското признание е пристигнат од Сојузот на борци од НОВ од Кочани, со цел да ги освежат сеќавањата за патот до слободата во 1944 година.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close