Блер: Ковид-19 нема да биде елиминиран

Поранешниот британски премиер Тони Блер денеска изјави дека вирусот Ковид-19 нема да биде елиминиран и оти Британците мора да научат да живеат со него.

Тој, исто така рече дека шансите се половина-половина дека Велика Британија ќе доживее заживување после вирусот во есен, но оти е „апсолутно неопходно“ да се подготви за тоа.

Блер ја повика Владата да го ангажира секој дел од инфраструктурата кој може да се обезбеди за запирање на вирусот, за земјата да не се врати во карантин како што беше во март, април и мај.

Во најновиот извештај на невладината организација на Блер се препорачува воведување масовно тестирање и задолжителна употреба на маски за лице во сите затворени јавни места.

– Ако тестирате само луѓе со симптоми, ги пропуштате луѓето кои се асимптоматски случаи и ги пропуштате пред симптоматските случаи кои се најголем проблем на оваа епидемија, рече Блер.

Back to top button
Close