Блинкен ја откажа средбата со Лавров

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен објави дека ја откажал средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, закажана за вo четврток.

Блинкен на заедничката прес-конференција со украинскиот колега Дмитриј Кулеб во Вашингтон изјави дека се согласил да се сретне со Лавров минатата недела за да разговараат за безбедносните прашања во Европа, „но само доколку Русија не ја нападне Украина“.

„Сега кога гледаме како започнува инвазијата и кога Русија јасно стави до знаење дека целосно ја отфрла дипломатијата, таа средба нема смисла“, рече Блинкен.

Тој додаде дека за ова прашање се консултирал со сојузниците и дека сите се согласни.

Back to top button
Close