Блинкeн ја предупреди Кина да се воздржи од еднострана акција против Тајван

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска му рекол на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји дека Вашингтон се противи на дејствијата на Пекинг, кои ги зголемуваат тензиите во Тајванскиот теснец, објавија странските новински агенции, повикувајќи се на извор од Стејт департментот.

На едночасовната средба на маргините на форумот на Г-20 во Рим, Блинкен изразил „кристално јасно” дека „САД се против секој обид на Кина за еднострано менување на статус кво”.

Како што е посочено, САД сакаат да се справат со интензивното ривалство меѓу двете водечки светски економии, а „двете земји ја препознале важноста на отворените линии на комуникација меѓу нив”. 

Back to top button
Close