Блинкен го повика етиопискиот премиер да дозволи истрага за злосторствата во Тиграј

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен денеска го повика етиопскиот премиер Аби Ахмед да дозволи меѓународна истрага за злосторствата пријавени во етиопскиот регион Тиграј, каде војската одржува ред од ноември.
Во телефонски разговор, Блинкен побара од Ахмед да соработува со меѓународната заедница за спроведување независна меѓународна истрага за наводите за кршење на човековите права.
Шефот на американската дипломатија рече дека „има се поголем број веродостојни извештаи за злосторства и кршење на човековите права“.
Блинкен ја повика владата на Етиопија да преземе конкретни мерки за заштита на цивилите и бегалците и да спречи понатамошно насилство.
Покрај тоа, невладината организација Амнести Интернешнл минатата недела обвини војници во соседна Еритреја за убиство на „стотици цивили“ во Тиграј, област во северна Етиопија.

Етиопија и Еритреја се бореа меѓусебно од 1998 до 2000 година, а потоа ги подобрија односите по иницијатива на етиопскиот премиер Ахмед, кој затоа ја доби Нобеловата награда за мир во 2019 година.


Двете земји ги отфрлаат обвинувањата за злосторства во Тиграј. 

Back to top button
Close