Блинкен изрази сочувство за смртта на поранешниот шеф на Стејт департментот

 Поранешниот државен секретар Колин Пауел беше исклучителен лидер и голем човек. Денеска изгубивме ценет колега во Стејт департментот и во нашите амбасади и конзулати низ целиот свет, истакна државниот секретар на САД, Ентони Блинкен по повод смртта на Пауел.

Колин Пауел, првиот Афроамериканец, кој стана државен секретар на САД и шеф на Генералштабот на воените сили на САД, денеска почина на 84-годишна возраст поради компликации предизвикани од Ковид-19. Неговото семејство на Фејсбук соопшти дека тој бил целосно вакциниран.

– На Стејт департментот тој му го донесе најдоброто од своето лидерство, искуство и патриотизам, истакна Блинкен.

Кога дојде во надворешнополитичкот орган на САД, Пауел беше генерал со четири ѕвездички со стекнато 35-годишно искуство на професионален војник. Имал добиено два претседателски Ордени на слободата за време на претседателот Бил Клинтон.

– Денеска, нашата благодарна нација го гледа крајот на една исклучителна кариера и ја слави неговата 35-годишна служба и победа, победа за армијата на САД која му даде на младиот Колин Пауел да учи, да расте и да води. Тоа е победа за нашите армиски водачи и политички лидери кои продолжуваат да го воздигнуваат, засновано на нивната целосна доверба и апсолутна почит, истакна Блинкен.

Во обраќањето по тажната вест, Блинкен кажа дека имал неколкучасовна средба со Пауел годинава на празникот 4 јули, „зборувавме за Стејт департментот и дискутиравме за сите предизвици со кои се соочуваме низ светот“.

– Денеска е тажен ден за нас во Стејт департментот и посебно за сите кои работеле за и со секретарот Пауел, и ние никогаш нема да го забороавиме тоа искуство. Изразуваме сочувство до целото семејство и до сите кои го љубеа, нагласи Блинкен

Back to top button
Close