Блинкен: Потегот на Москва е флагрантно непочитување на меѓународните закони и норми

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во писмена изјава истакна дека САД го осудуваат признавањето независност на две територии во источна Украина од страна на рускиот претседател Владимир Путин, јави Си-Ен-Ен.

„Оваа одлука претставува целосно отфрлање на обврските на Русија од Договорите од Минск, директно е во спротивност со тврдењато за посветеност на Русија кон дипломатијата и е јасен напад врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина”, оцени Блинкен, додавајќи дека потегот е „флагрантно непочитување на меѓународните закони и норми”.

Блинкен го повтори претходното соопштение од Белата куќа дека претседателот Џо Бајден ќе потпише извршна наредба со која се овластуваат ограничени санкции во регионот што Путин го прогласи за независен.

„Нашата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и за владата и народот на Украина е непоколеблива”, рече Блинкен. „Ние стоиме со нашите украински партнери и остро да ја осудиме најавата на претседателот Путин”, посочи американскиот државен секретар.

Back to top button
Close