Блинкен со ветување дека САД ќе соберат поддршка за обнова на Газа

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вети денеска за време на турнејата на Блискиот исток дека Вашингтон ќе собере поддршка за реконструкција на Газа, како дел од напорите за интензивирање на примирјето меѓу исламистички Хамас и Израел.

Блинкен, сепак, јасно стави до знаење дека САД сакаат да обезбедат Хамас, за кого сметаат дека е терористичка организација, да нема корист од хуманитарна помош.

Блинкен започна со регионална турнеја во Ерусалим, каде разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој се закани со многу моќен одговор доколку Хамас продолжи со прекуграничните ракетни напади.

Предвидено е Блинкен да се сретне подоцна денеска со палестинскиот претседател Махмуд Абас на окупираниот Западен брег, а потоа да ги посети Каиро и Аман.

Back to top button
Close