Блиску , а далеку


Што се случи во Брисел и дали имаме соодветни информации по тој повод?!Запознаена ли е јавноста со фактичката ситуација и за резулатите од средбите со високите претставници на Унијата?

Ми се чини дека НЕ- доволно. Оти, некако, како да не циркулираат сите важни информации во нашиот медиумски етер. Тоа пак, ми дава за право да се сомневам дека “јавноста” доминантно, е сеуште контаминирана од предизборните содржини и дека и на неа како да и требаат 100 дена да се покаже, да се совземе, да се “упасуљи”.
Чест на исклучоците, кои го потврдуваат правилото.

Но, простете, тоа не значи дека не треба да се допринесува во балансирано известување во врска со важните теми, каква што е впрочем и темата за за нашата европска иднина.
Што е право, во целото известување за оваа посета, Премиерот и МНР, убаво и јасно објаснија што Нашата Држава побарала и каков е ставот на македонската надворешна политика, но, сепак, не дознавме кој е одговорот за нашите барања …
Нема апсолутно никаков и адекватен рефлекс за пораките кои нашата делегација ГИ ПРИМИЛА , а по повод и во служба на тие средби?

Штама.

Има ли јунак да праша : каква порака доби нашата држава во врска со новите барања, со иднината на преговорите?!

Има ли ?

Паралелно на овие настани, во тек е и една друга важна операција. Имено, Премиерот, успешно ја префли топката за ветеното “укинување” на балансерот токму врз на грбот на Уставниот суд. Последниов пак, ја голтна кнедлата.

Спротивно на претходното, истата “јавност”, по овој повод, малце се раздрма…факт. Но, се закачи на црвливата јадица за меѓуетничките односи…

После овие две важни “дешавки”, јас му верувам на Премиерот дека може де има дестабилизација.
Особено, после неколкуте непобитни факти: прво, последните случувања во Уставниот Суд; второ, по нормализирањето на синтагмата : “што ќе ни е ваква ЕУ” и трето, отворената опција за одвојувањето на Албанија и незјиното самостојно трасирање на интегративниот пат што е дебело актуелизирано! Оттука, се чини, човекот дека не лаже кога вели оти ќе има дестабилизација. Поточно, убедена сум дека, после сите консекутивни “ивенти” можно е да се амортизирала фрустрацијата кај Македонците, но, правопропрополционално, изгледа дека расте и степеот на фрустрациите кај граѓаните од албанска етничка припадност.

Конечно, фразата “блиску а далеку”, во нашиот контекст би го подразбирало следново : што сме подалку од ЕУ, поблиску сме до дестабилизацијата.
Или не ?

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close