Блок 1 на РЕК Битола утрово вратен во мрежа

 Блок 1 на РЕК Битола утрово е вратен во мрежа. Од АД ЕСМ соопштија дека по завршување на сервисно–ремонтните активности, постројката е во функција и работи со максимален капацитет.

– РЕК Битола во моментов работи со два од трите блока. Покрај Блок 1, во функција е и Блок 2, а на Блок 3 во тек се активности за монтажа на новиот трансформатор, информираа од АД ЕСМ.

Поради енергетската криза во која се наоѓа државата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, како што подвлекуваат д АД ЕСМ, ремонти и санација на делови од блоковите се изведуваат кога ќе се укаже можност за тоа, без притоа да се загрози стабилноста на постројките.

Back to top button
Close