Блокада пред Владата против францускиот предлог
Граѓани кои не се согласуваат со францускиот предлог, попладнево го блокираа булеварот пред Владата. Блокади се најавени и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.
Блокирани се и магистралниот пат Велес – Штип во близина на село Сарамзалино.
Од 10:35 часот блокиран е патниот правец Штип-Скопје кај новата патарина Кадрифаково.