Блокиран патот Ресен–Битола поради протест

Околу 200 граѓани од ромската заедница денеска го блокираа патниот правец Ресен–Битола, кај месноста позната како Ромска населба, во знак на протест против измените во Законот за сообраќај и одземањето на неколку моторни возила.
Сообраќајот на оваа делница е целосно прекинат откако демонстрантите запалија гуми и ги поставија на коловозот. На местото се присутни полициски екипи кои ја следат состојбата и преземаат мерки за одржување на јавниот ред и безбедноста.
Според информации од терен, повод за протестот е конфискацијата на неколку возила согласно новите законски одредби, кои предвидуваат построги санкции за тешки сообраќајни прекршоци, вклучително и можност за трајно одземање на возилата.






