Блумберг ги објави првите детали од нацрт-договорот помеѓу САД и Украина
Блумберг ги објави првите детали за нацрт-договорот помеѓу САД и Украина за минералите, што вклучува и американски безбедносни гаранции за Украина.
Според неименувани извори новиот нацрт е речиси договорен и Украина чека одговор од САД.
Во нацрт договорот, според Блумберг, САД ќе се обврзат на „слободна, суверена и сигурна“ Украина и „траен мир“ како дел од договорот за минералите.
– Ставот на САД ќе биде дека тие кои негативно дејствувале кон Украина во војната не би требале да имаат корист од нејзината обнова. Текстот на договорот не е финализиран и сè уште би можел да се менува, истакна неименуваниот извор.
Според него, САД наместо воени гаранции нуди „гаранција за економска безбедност.
Украина инсистираше на официјални американски безбедносни гаранции во договорот за минералите и покрај тоа што Вашингтон ја отфрли таквата опција, наведе неименуваниот извор.
Администрацијата на Трамп неколку пати повтори дека за украинската безбедност првенствено треба да се грижи Европа.