BMPО ДПМНЕ во одбрана на Томовски: Децата на Заев продолжуваат по истата матрица: бегање од одговорност, агресивна жртвена реторика и обиди за дефокус од аферите што ја разградија државата

По прес конференцијата на СДСМ во која беа изнесени сериозни обвинувања,
реагираше и ВМРО ДПМНЕ со соопштение, кое го пренесуваме интегрално и во
целост:

Криминалниот и скапо платен центар за заевизација повторно е активиран за
да го прикрие криминалот на семејството Заеви и нивниот невоспитан и
недостоинствен начин на живот.

Децата на Зоран Заев денес продолжуваат по истата матрица: бегање од
одговорност, агресивна жртвена реторика и обиди за дефокус од аферите што
разградија државата.

Предавничкото СДС досега го достигна својот максимум во две нешта:
прототипски и празни реакции кои никого не убедуваат и историски најнизок
рејтинг од основањето на партијата. Денес СДС вреди едвај околу 100 илјади
гласови, мерка за политичка пропаст и јавна недоверба без преседан.

Во однос на нивниот денешен простотилак, нема што да се одговори. Кога
човек ќе види колку длабока е политичката и моралната деградација во која
тоне ова раководство, останува само едно да се каже: Бог да чува од полошо.

Извор: centar.mk

Back to top button
Close